
Минималната кошница 66.413 денари: Храната го „изеде“ минималецот
Поскапа за 921 денар е првата годинешна минимална синдикална кошница. Најосновните јануарски потреби на четиричлено семејство чинеле 66.413 денари. Трошоците за храна и пијалаци, кои зафаќаат 36,6 проценти од месечните давачки, достигнале 24.211 денари. Од декемвриските се повисоки за 571 денар. И безмалку сосема се поклопуваат со минималната плата од 24.397 денари. Од Сојузот на



