
КАТАРСКИ ПОТЕГ ШТО ЈА РАЗНИШУВА ЕНЕРГЕТСКАТА РАМНОТЕЖА: Ќе запре ли гасот за Европа?
Енергетските односи меѓу Европа и Катар би можеле сериозно да се заладат по последното предупредување од Доха. Катарскиот министер за енергетика, Саад бин Шерида Ал-Каби, остро ја критикуваше новата Директива за длабинска анализа на корпоративната одржливост (CSDDD) на Европската Унија, предупредувајќи дека доколку Брисел не ги ублажи строгите регулативи, земјата би можела целосно да ги




