
Банкарство
Развојна банка: 5,9 милиони евра ќе добијат 506 компании
5,9 милиони евра ќе добијат 506 компании со вкупно 3,552 вработени кои ја сочинуваат првата група кредитни барања и ги исполнија условите од јавниот повик на Развојната Банка. Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од микро компании и 9 кредитни барања се од трговци- поединци.