
Бизнис
КРИПТО-ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕЗАШТИТЕНИ ОД БАНКРОТ НА КРИПТО-ФИРМИТЕ: Судот пресуди дека банкротираниот Celsius е газда на влоговите
Дигиталните средства депонирани во програмата Earn на Celsius Network припаѓаат на имотот на банкротираната компанија, а не на индивидуалните сопственици на сметки во Целзиус, според пресудата од средата на американскиот стечаен судија Мартин Глен. Одлуката е базирана на договорот кој клиентите на Целзиус го потпишале со компанијата пред да ги вложат своите пари во неа.