
ОД 2024 БРИКС ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА ШЕСТ НОВИ ДРЖАВИ, еве кои
Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на сурова нафта, е поканета да стане полноправна членка на економскиот блок БРИКС, заедно со Иран, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија, изјави во четвртокот јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Сите поканети веќе изразија интерес да се приклучат. „Членството ќе стапи на сила од први јануари 2024 година“, рече Рамафоса.

