
Ебле од ММФ: Затворањето на „Еуростандард банка” покажа дека НБРСМ е подготвена да преземе навремени активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем
НБРСМ е независна институција којашто има законски мандат да придонесува кон одржување на финансиската стабилност и да ги штити интересите на депонентите. Согласно со најдобрите меѓународни практики, обврските и овластувањата на НБРСМ вклучуваат одземање на дозволата на банка кога таа повеќе не ги исполнува условите за да ја задржи дозволата – што вклучува и непостапување по
