
Бизнис
ВОДОРОДОТ – ПРИОРИТЕТ НА КИНА во плановите да освои поголем дел од пазарот на зелена енергија
Пред една деценија, Кина користеше ниски цени за да доминира во производството на солари, елиминирајќи ги западните конкуренти токму кога светската побарувачка за панели почна да расте. САД и Европа се решени да не дозволат истото да се случи со водородот. Додека светот ита кон декарбонизација, следната рунда натпреварување се врти околу уред наречен електролизатор.