
Ангеловска-Бежоска: И покрај енергетскиот шок мерките на НБ ја одржаа стабилноста на денарот и ја намалија инфлацијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“, истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-те години од минатиот век. Овој ценовен шок ги


