
Банкарство
Народна Банка со ново видео за безбедно користење на електронското банкарство
Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“,што се изработува со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), насловено „Препораки за безбедно користење услуги од електронското банкарство“. Видеото ќе биде достапно на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.