
Анализи
ПОСКАПУВАЊЕ ИЛИ ПРЕТЕРУВАЊЕ: Дали навистина исчезнуваат евтините летови?
„Евтини летови повеќе нема да постојат, подгответе се за драстично поскапување на авио билетите“, е секојдневен муабет што се врти по медиумите и авиокомпаниите. Слични предупредувања деновиве ги полнат медиумите: цената на авионското гориво рапидно расте, авиокомпаниите ќе ги префрлат трошоците врз патниците, Европа воведува еколошки такси…, со еден збор патувањето со авион ќе поскапува.