
Ладење и греење со помош од државата: Кој сѐ може да аплицира?
Граѓаните од ранливите групи до петти октомври можат да аплицираат за добивање субвенции за набавка на инвертери. Крајниот рок за пријавување за помош од илјада денари, наменета за плаќање на сметките за струја, е 30 август. Јавните огласи ги објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според важечките критериуми, за инвертер клима-уред субвенција може

