
Крипто
Европската инвестициска банка ќе го користи Етереум за издавање дигитални обврзници
Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе користи блокчејн технологија за издавање на двегодишни дигитални обврзници. Блумберг дознава дека ЕИБ ќе ја искористи крипто валутата Ethereum за да регистрира дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра. Инвестициската банка на Европската унија ги ангажираше групацијата Голдман Сакс, Банко Сантандер и Сосиете Женерал да се занимаваат со продажбата.