
Бизнис
НЕВРЕМЕ НАПРАВИ ХАОС НА ЈАДРАН: Морето влегуваше по куќите, островите отсечени
Далматинските брегови повторно беа поплавени во четврток поради силна циклонска плима и бурен јужен ветер што го зафати целиот брег. Морето влезе во куќите во областа Долац во Шибеник, а ситуацијата беше критична во Каштела, Сплит, Трогир и на Чиово, објавува Morski.hr. Она што вчера се случуваше на јадранскиот брег се нарекува – Циклонска плима.
