
Берза
Купени речиси 44 отсто од акциите на Градежниот институт Македонија – Вложени милион евра
Повеќе од еден милион евра инвестирал познат купувач (или купувачи) во акции на Градежниот институт Македонија. Количината од 5.619 обични акции обезбедуваа 43,78 проценти од акционерскиот капитал. Купопродажбата на акциите е реализирана преку блок-трансакција за која известија од Македонска берза. Инвеститорот за секоја акција платил по 11.450 денари. Вкупниот износ на трансакцијата е 64.337.550 денари.