
Поддршка на културните вредности: Комерцијална банка главен спонзор на „Охридско лето“ и на 50. концерт на Влатко Стефановски
Во тек е 64. издание на престижното „Охридско лето“, а вечерва во Долни Сарај гостува познатот српски актер Никола Ѓуричко со стендап „Шоу Биз“. До 20 август на сцените во Антички театар, Долни Сарај, во црквата „Света Софија“ и нејзиното предворје ќе настапат осумстотини домашни и странски уметници од светот на музиката, театарот и уметноста.

