
БРИТАНЦИТЕ ПОДГОТВУВААТ ДИГИТАЛНА ФУНТА: Добредојде за бриткоинoт
Властите на Велика Британија соопштија дека на британските бизниси и потрошувачи им треба дигитална верзија на фунтата, и официјално побараа јавен коментар за идејата за воведување дигитална валута на централната банка. Велика Британија, дом на вториот по големина финансиски центар во светот, заостанува зад поранешните колонии како Нигерија, Бахамите и Јамајка во воведувањето дигитална валута.
