
ОД МЛАД ПРАКТИКАНТ ДО ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА БМВ: Милан Недељковиќ доаѓа на чело на германскиот автомобилски гигант за да се справи со кинеската конкуренција
БМВ има нов извршен директор. Раководителот на производството, 56-годишниот Милан Недељковиќ, ветеран со 30-годишно искуство во компанијата, ќе ја преземе функцијата од сегашниот врвен извршен директор Оливер Зипсе во мај 2026 година, додека германскиот производител на автомобили се обложува на нова генерација електрични автомобили за да се спротивстави на американските царини, кинеската конкуренција и Тесла.







