
Пензиски Фондови
ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР: Јовановска разрешена од директор на ПИОМ, фотелјата се токми за Алтернатива
Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Билјана Јовановска заминува од функцијата. Управниот одбор ја разреши поради политичка одлука. Јовановска треба да ја наследи кадар од коалициониот владин партнер Алтернатива. Неофицијално директорското столче се токми за Дритан Беџети, пишува Фокус. Јовановска беше именувана за в.д. директор на ПИОМ во октомври 2020 година,
