
Берза
ЗАЧЕСТИЈА НЕТРГОВСКИТЕ ТРАНСФЕРИ: Сменета сопственоста на 5.704 обични и 474 приоритетни акции
Променета е сопственоста на 5.704 обични и 474 приоритетни акции на 15 компании и една банка, по пат на нетрговски трансфери. Честа активност последниве пет дена, при што бројката на обичните акции е за повеќе од четири пати поголема во однос на минатата работна недела. И, овој пат на врвот се акциите на „Македонски телеком“.