
Бизнис
СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ Е ВО ПРАШАЊЕ ТЕРОРИЗАМ: Хитроу останува во темница и затворен по огромниот пожар и експлозија на главната трафостаница
Антитерористичката сепцијална единица на Метрополитан полиција ја води истрагата за големиот пожар што го затвори аеродромот Хитроу. Претставници на британската полиција изјавија дека „во моментов нема индикации за тероризам“, но полицајците задржуваат „отворен ум во овој момент“ за причината за пожарот. Летовите се откажани, луѓето се евакуирани од своите домови, а локалните училишта се затворени