
Бизнис
Македонија бара посилна улога во енергетската транзиција, порача Божиновска на UNECE форумот
Енергетската транзиција не може да се води само со стратегии на хартија, туку бара политички одлуки, инвестиции и силна меѓународна координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на UNECE Resource Management Week 2026. Во обраќањето пред високи претставници, експерти и креатори на политики, Божиновска оцени дека глобалните предизвици, од климатските промени