
„НЕ ТОЛКУ ЕКОЛОШКИ“: Најнов извештај го вперува прстот кон хибридните возила – загадувале речиси исто како бензинците?
Разликата во емисиите помеѓу хибридните електрични возила со приклучоци (PHEV) и бензинските автомобили е само 19 проценти, а не 75 проценти како што покажуваат лабораториските тестови, според извештајот на група европски невладини организации за транспорт и животна средина. Тие анализирале податоци пренесени од вградените мерачи на потрошувачка на гориво на 800.000 хибридни возила со приклучоци


