
ЖИВА Е, СЕ КРИЕ ВО КЕЈПТАУН: Полицијата ѝ влегла во трага на крипто-измамничката Ружа Игнатова обвинета дека проневерила милијарди долари
Бугарската државјанка и основач на OneCoin, Ружа Игнатова, која често се нарекува „криптокралица“, наводно е жива и живее во Кејп Таун, Јужна Африка. Ова тврдење го објави јужноафриканското издание Кејп Таун ETC. Игнатова, Бугарка образована на Оксфорд, исчезна во октомври 2017 година, откако измами милиони преку лажна шема за криптовалути, што предизвика бројни теории за

