
Оптимизмот во поглед на договорот меѓу Кина и САД го поттикна растот на берзите
Акциите на Wall Street вчера генерално беа во плус, откако Кина објави дека се договорила со САД за постепено укинување на меѓусебните тарифи ако напредуваат преговорите. Поширокиот S&P 500 е на пат оваа недела да регистрира втор ден на рекордни вредности, додека Dow Jones и Nasdaq се на пат да соборат рекорди трет ден по ред.



