
Банкарство
HSBC ја продаде својата малопродажна мрежа во Франција
Втората по големина банка во Европа, британската HSBC, ја продава малопродажната мрежа на My Money Group во Франција, поддржана од американската фирма за приватен капитал Cerberus, пренесува Ројтерс. Покрај договорот, HSBC направи уште еден важен чекор во поширокото повлекување од бавно растечките пазари во Европа и Северна Америка каде се бори со поголеми домашни играчи.