
Вработување
Оглас за вработување во Македонска берза – Junior .NET developer
Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.