
ГИГАНТОТ IBM СИ ГО ОТПУШТИ ПЕРСОНАЛОТ ВО ОДДЕЛИТЕ ЗА МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИИ, само дел од 8.000 кои ќе бидат заменети со вештачка интелигенција
IBM во вторникот им кажа на вработените во одделот за маркетинг и комуникации дека го намалува бројот на својот персонал, според лице кое знае за ова прашање, објави Си-Ен-Би-Си. Џонатан Адашек, главен службеник за комуникации на IBM, го објави ова на приближно седумминутна средба со вработените во единицата, рече лицето, кое побара да остане анонимно


