
Diners е прва финансиска компанија во Македонија со SAP Service Cloud – Што значи ова за членовите?
Првата кредитна картичка во Македонија, Diners продолжува да ги поставува стандардите за супериорна услуга кон своите членови. Diners Македонија уште еднаш постави нови стандарди во финансискиот сектор, станувајќи првата компанија во земјата што го имплементира SAP Service Cloud – напредно технолошко решение кое има за цел да го подобри искуството на корисниците и оперативната ефикасност.
