
Бизнис
МИЛИЈАРДИ ВО ФИОКА: Американците имаат колективни 21 милијарда долари во непотрошени картички за подарок
Некои ги сакаат, некои ги мразат. Уште полошо, голем број од нас кои ги добиваме во посебни прилики сме рамнодушни кон нив, па дури и целосно забораваме на нив. Таква е тажната судбина на картичките за подароци – милиони од нив остануваат неискористени секоја година и имаат колективна вредност што се проценува на милијарди долари.
