
Бизнис
100 МИЛИОНИ КОРИСНИЦИ НА ВИДЕО ИГРИ СОЗДАДЕНИ ВО СРБИЈА: Српската гејминг индустрија лани остварила приход од над 200 милиони евра
Видео игрите произведени во Србија ги играат повеќе од 100 милиони луѓе низ целиот свет, а минатата година тие остварија приход од над 200 милиони евра. Индустријата за игри во Србија се разви како една од најперспективните гранки на ИТ секторот. Се проценува дека повеќе од четири и пол илјади луѓе работат во тој сектор.