
ЌЕ БИДЕ РАЗЛИЧНА ОД СЕ’ ШТО СТЕ ВИДЕЛЕ ДОСЕГА: Пензионираната Ford Fiesta се враќа во живот, а заслугата е на – Фолксваген
Не поминаа ни две години откако Форд Фиеста беше набрзина пензионирана, а сега има најави дека таа се враќа во живот. Овој пат, Фиестата ќе изгледа многу поинаку. Неколку години, Фиестата беше најпродаваниот мал автомобил во Европа. Сепак, во јули 2023 година, последната Фиеста излезе од производствената линија во фабриката на Форд во Келн, Германија.



