
Бизнис
Windows Control Panel заминува во пензија, најави Мајкрософт
Мајкрософт ќе „пензионира“ уште една функција. Најновата опција што е додадена на листата застарени е Windows Control Panel, која се приклучува на неодамна „пензионираната“ апликација Paint 3D. Контролната табла на Windows веќе некое време се наоѓа на списокот за исклучување на Мајкрософт, а првите извештаи за тоа почнаа да се појавуваат уште во 2011 година.