
Бизнис
АХВ го повлече од продажба чипсот „ВИПА Грил“ и апелира – кој купил да не го консумира
Косовскиот чипс „ВИПА Грил“ и холандското органско какао „Cacao powder raw“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство. Какаото воопшто не било пуштено во продажба, ниту, пак, дистрибуирано до крајните потрошувачи. Во него е утврдено количество кадмиум над дозволеното. Чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.