
Бизнис
МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ЗА „ДУШЕВНА БОЛКА“: Доналд Трамп му се заканува на ББЦ со баснословна тужба поради „фризирање“ на неговиот говор пред немирите во Капитол во 2021 година
Поранешниот, и актуелен, американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја тужи Би-Би-Си за клевета, обвинувајќи го британскиот радиодифузер за намерно искривување на неговите зборови во документарец од 2024 година, емитуван пред претседателските избори во САД. Спорот, кој јавно избувна во понеделник, ја турна Би-Би-Си во една од најлошите кризи во нејзината модерна историја
