
ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација
Како дел од групацијата ТИТАН, цементарница Усје континуирано инвестира во развој на дигитални алатки и примена на вештачка интелигенција во работењето, со што се зголемува оптимизацијата и контролата на производните процеси. Најновите достигнувања на компанијата во оваа област беа претставени на интернационалниот Самит за вештачка интелигенција – AI Tech Summit, што се одржа во Скопје.
