
ИНТЕРВЈУ I ИРЕНА ГОДЕВА: Македонскиот јазик во Швајцарија е темел на идентитетот на нашата дијаспора
Далеку од татковината, во училници распослани низ неколку градови во францускиот дел од Швајцарија, македонскиот јазик продолжува да живее преку детските гласови што ја учат кирилицата, преку песните, приказните и спомените што ги носат од своите семејства. Таму, меѓу различни јазици и култури, се гради тивка, но значајна врска со корените. Ирена Годева од Струмица,










