
Бизнис
Утре Скопје ќе биде домаќин на експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други светски познати компании
Се е подготвено за 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре, во хотелот „DoubleТree By Hilton Skopje“ во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!”. Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма