
Бизнис
НОВИ ЛЕТОВИ: Со ,,Виз Ер” од декември ќе се лета од Скопје до Болоња, Торино, Билунд, Фридрихсхафен
Aвиокомпанијаta „Виз Ер“ најави отворање четири нови летови од Македонија кон Италија, Германија и Данска. Новите дестинации на коишто ќе лета „Виз Ер“ се од Скопје до Болоња и Торино во Италија, од Скопје до Билунд во Данска и од Охрид до Фридрихсхафен во Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември годинава.