
pari.com.mk
Десетте најскапи временски непогоди во 2020 година чинат скоро 150 милијарди долари
Десетте најскапи временски непогоди во текот на 2020 година чинеа скоро 150 милијарди долари осигурена штета. Ова е многу повеќе од претходната година и го покажува растечкото влијание на глобалното затоплување, според британската невладина организација „Кристијан Бајд“. Според годишниот извештај на организацијата, во десетте катастрофи загинаа 3.500 лица, а раселени се над 13,5 милиони луѓе.