
ПОБЕДУВА КОНЦЕПТОТ НА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Дури 200 британски компании ќе ги намалат работните денови без помала плата на вработените
Двестотини компании од Обединетото Кралство пријавија постојана четиридневна работна недела, која важи за сите нивни вработени без губење на платата, што е најновиот момент во кампањата за преосмислување на работната недела во Британија, објави британски Гардиан. Компаниите вкупно вработуваат повеќе од 5.000 луѓе, а меѓу најдобро застапените добротворни, маркетинг и технолошки фирми, според најновото ажурирање



