
ЗК „Пелагонија“ по притворот на Камчев се опоравува под надзор на банките, лани ќарил 425.000 евра
Според остварените финансиски резултати, најголемиот агрокомбинат во државата – ЗК „Пелагонија“АД Битола се опоравува. Тој лани со помали приходи за 11,7 проценти, остварил поголема добивка за повеќе од 14 пати. Имено, минатата година приходите на ЗК „Пелагонија“ биле 17,9 милиони евра а добивката му била околу 425.000 евра, а во 2019-та година приходите изнесувале 20,3