
ТРИ ЖЕНИ ШТО ИНСПИРИРААТ и нивната улога во модерното општество и во развојот на финансискиот сектор
По повод 8 Март ‒ Меѓународниот ден на жената, порталот Пари направи инспиративни интервјуа со успешни менаџерки во македонскиот финансиски сектор. Разговаравме со жени коишто со својот ангажман секојдневно ја исцртуваат патеката на успехот. Жени коишто стоејќи се справуваат со разни предизвици, стремејќи се да ја постигнат целта што си ја поставиле на професионален план.
