
По осум успешни години во Халкбанк Скопје – Билал Суџубаши оди на нова функција во Турција
Главниот извршен директор на Халкбанка АД Скопје, Билал Суџубаши, заминува од Македонија. По осумте успешни години, професионалната кариера ја продолжува во Турција, каде што ќе ја предводи Halkbank Katilim. Одборот на директори на Халкбанк Туркије во мај оваа година донесе одлука за формирање партиципативна банка со филијали, назначувајќи го Суџубаши да раководи во наредниот период.


