
Анализи
ФФМ ИГРА СО 24,6 МИЛИОНИ ЕВРА – без ВАР-контрола врз финансиите
Како се управува со средствата во македонскиот фудбал? Прашањето е секогаш актуелно, бидејќи фудбалот не е само најважната споредна работа, туку и профитабилен бизнис. Освен тоа, има и простор за игра далеку од јасно исцртаната бела линија. Таков пример деновиве ја бранува и спортската и пошироката јавност – случајот Муамед Сејдини и сомневањата за злоупотреба