
„ИМА МРТВИ“: Разорниот ураган Милтон ја опустоши Флорида, остави три милиони луѓе без струја, раселени или во засолништа
Смртоносниот ураган Милтон, кој синоќа го погоди поширокиот дел на американската држава Флорида, продолжува да носи моќни ветрови и ризик од смртоносни поплави додека се движи низ централна Флорида. Над 3 милиони жители се без струја. Непотврдени информации во медиумите зборат дека повеќе луѓе загинале кога неколку торнада го зафатија округот Сент Луси во Флорида


