
Потребна е постепена, а не остра фискална консолидација – Никола Поповски во „Каде се парите?“
Фискалната консолидација не значи само „да се скрати дефицитот“, туку долг процес што бара јасна насока и дисциплина во јавните финансии, вели универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски во „Каде се парите?“. Тој предупредува дека најопасно е ако консолидацијата се прави без политички консензус – затоа што една влада може постепено да

