
КОЛУМНА I Дали живееме во ера на постојани економски кризи?
Во светската економија долго време владееше уверувањето дека кризите се случуваат повремено, а стабилноста е нормалната состојба. Но, ако погледнеме во изминатите години, ќе забележиме дека светската економија сè почесто се соочува со нови потреси. Финансиската криза од 2008 година, пандемијата, енергетските шокови, војната во Украина, геополитичките тензии меѓу големите сили, како и најновите конфликти










