
Усвоени Основните компетенции на финансиската едукација – Координиран пристап на финансиските регулатори, на приватниот и на граѓанскиот сектор за поефикасна едукација
Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со кое раководи Народната банка, а во кое членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), ги усвои Основните компетенции на финансиската едукација. Со ова


