
КРИПТО МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Лондонскиот суд пресуди дека австралискиот научник не е човекот кој се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото
Австралиски компјутерски научник кој тврди дека тој го измислил биткоинот не е вистинскиот „Сатоши Накамото“, пронаоѓачот на криптовалутата, одлучи во четвртокот судијата на Високиот суд во Лондон. Австралиецот Крег Рајт долго време тврдеше дека е автор на таканаречената Бела книга од 2008 година, која го претставува основачкиот текст на биткоинот, објавен под псевдонимот Сатоши Накамото.





