
Преку Интернет банка на Комерцијална банка сами ја блокирате и деблокирате вашата картичка
Уште една привилегија плус за корисниците на Интернет банка на Комерцијална банка. Од удобноста на својот дом, од канцеларија или од кое било друго место можат он-лајн да ја блокираат или деблокираат својата картичка. Блокирање на картичка преку оваа апликација ќе може да извршат сите клиенти кои имаат увид во своите сметки преку Интернет банка.
